Отворањето на македонскиот клуб во Благоевград – Бугарија ќе помине без присуство на премиерот на Македонија – Димитар Ковачевски. Ќе останел во Скопје во недела, за кога е најавено отворањето на клубот.
– Во недела јас ќе бидам во Скопје, меѓутоа во Министерството за култура и во Владата, бидејќи јас тоа го најавив, веќе ја подготвуваме документацијата за отворање македонски културен центар во Благоевград и тоа барање ќе биде испратено до бугарската Влада, истакна Ковачевски.
Тој повика на присуство на отворањето на центарот од сите кои имаат можност, но порача дека при вакви активности треба да се внимава на чувствата на граѓаните.
– Верувам дека отворањето културни центри помеѓу државите е начин на кој се зближуваат и како држави и како институции и како граѓани. И сметам дека сите оние кои имаат можност, особено тоа се однесува на граѓаните на Благоевград и на пограничните места, треба да присуствуваат на такви настани бидејќи мислам дека тоа ги зближува граѓаните, изјави Ковачевски.
За потсетување: Кога се отвораше бугарскиот клуб во Битола присутни беа и повеќе високи функционери од Бугарија меѓу кои и тогашниот премиер Кирил Петков и потпретседателката Илијана Јотова.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












