• Импресум
Saturday, May 30, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

(ФОТО) Како млад украински пекар без оружје се спротивставува на рускиот напад

13/03/2022
Време за читање: 1 минути
A A
(ФОТО) Како млад украински пекар без оружје се спротивставува на рускиот напад

Додека Украинците ширум земјата собираа стаклени шишиња за да направат молотови коктели и се вооружуваа за да се спротивстават на рускиот напад, Павло Серветник се упатил кон кујната.
Последниве две недели, откако Русите извршија инвазија, тој едвај спие, работејќи по 20. часа на ден за да ги нахрани луѓето во окупираниот Керсон, јавува Си-Ен-Ен.
Секој ден, овој 28-годишник пече илјадници лебови, ги товари во својот камион или автомобил и вози низ напуштените улици, доставувајќи им ги на луѓето кои се’ повеќе се отсечени од надворешните резерви на храна. Овој град со речиси 300.000 жители е под руска окупација.
Керсон беше првиот голем град што падна во руски раце од почетокот на војната. Како што руската брутална инвазија на Украина влегува во третата недела, борбата за опстанок се интензивира низ целата земја.
Основните залихи се при крај, температурите паѓаат, а неколку градови се под опсада и под силен оган од руската артилерија. Обединети против заедничкиот непријател, Украинците наоѓаат начини да се спротивстават и без оружје.

„Сè ме боли, ме болат зглобовите и не можам да ја отворам вратата. Затоа е тешко“
„Сè ме боли, ме болат зглобовите и не можам да ја отворам вратата. Затоа е тешко“, изјавил Серветник за Си-Ен-Ен во вторникот, откако поминла часови и часови печејќи леб.
Пред војната, Серветник бил успешен готвач, го освоил украинскиот „MasterChef“ во 2019. година и водел пицерија во Керсон. Но, на 24. февруари Русите ја нападнаа Украина и неговиот живот се променил.
„Немаше леб, беше колапс“, вели Серветник.
Додека Русите ја гранатираа неговата земја, Серветник и неговиот партнер отишле до куќата на неговите родители во село на периферијата на Керсон, очајни да избегаат од Украина.

„Влезете во автомобилот, да одиме некаде“, им рекол тој на своите родители. Но, неговите родители, кои биле сведоци на други турбулентни периоди во нивниот живот, само се смееле: „Каде би бегале? Кој не чека таму? Русите ќе бидат тука наскоро, ни велат ова е Русија сега и ние ќе продолжиме да живееме овде”.

Така Серветник решил да остане и да се спротивстави. Многу пекари од Керсон или избегале или се сокриле, па Серветник ја претворил својата пицерија во пекара и почнал да пече илјадници лебови. За да нахрани повеќе луѓе, тој се поврзал и со други пекари и го дистрибуирал нивниот леб.

„Не избегавме, не заминавме, туку полнавме да ги спасуваме луѓето колку што можевме“
„Не избегавме, не заминавме, туку полнавме да ги спасуваме луѓето колку што можевме“, вели Серветник.
Деновите на Серветник почнуваат во зори, со товарење на леб печен во неговиот ресторан или индустриска пекара во камион. Најчесто доставува бесплатно во домовите незгружени деца и стари лица на периферијата на градот. Потоа се враќа да пече леб од пладне до доцна навечер.
Патиштата се практично празни откако руските сили го зазедоа градот на 2-ри март. Градоначалникот Ихор Кољаев на 5 март изјави дека руските сили се „населиле“ во пристанишниот град и не покажале намера да го напуштат.
Руските окупатори минатиот викенд наидоа на силен отпор, а неколку стотици жители излегоа на улиците во знак на протест, пркосејќи ѝ на руската армија. На снимката од неделните демонстрации, една постара жена пркосно погледна во објективот на камерата и тивко рече: „Спасете ја нашата земја! Нека умрат сите, заедно со Путин“.
Но, повеќето жители или побегнале или останале во затворен простор, плашејќи се од средби со руски војници кои поставија контролни пунктови низ градот.

Секое возење е ризик
Секое возење со кое Серветник доставува леб носи ризик, но без неговите испораки луѓето веројатно би останале гладни. Тој проценува дека нему и на неговите партнери во продавницата им остануваат состојки за уште околу две недели и не знае што ќе се случи потоа.

Неговиот рецепт за „победнички леб“ ги содржи само основните работи – тој е направен од брашно, квасец, вода и сол. Тој е поддржан и од донатори од целиот свет кои му помагаат на неговиот тим да ги покрие трошоците.
Неговиот леб стана спас за жителите на Херсон и им значи повеќе од храна.
Во Украина, како и во другите источноевропски земји, лебот има културно значење и претставува повеќе од храна.
„Во Украина мирисот на свежо печената кора од леб има посебно значење бидејќи така се пече уште од античко време“, вели Серветник.
Дури и ако Русите ја окупираат украинската земја, нема да можат да го придобијат украинскиот народ, додава Украинецот.
На прашањето за што се борат Украинците, тој одговара: „Подобро прашајте ги Русите за тоа. Ние се бориме за нашата земја, за нашата слобода“.
Тој размислувал да земе оружје и да се бори со Русите, додека не слушнал звук на пукање од тенк во близина на прозорецот од неговата куќа.
Тој бил преплашен: “Тогаш сфатив дека ќе се замрзнам и ќе умрам ако отидам на бојното поле и слушнам звук на тенк. Сфатив дека секој треба да си ја работи својата работа. Армијата да се бори, а пекарите да печат леб и помагај на луѓе”.

Фото: Принтскрин/Instagram

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Судир меѓу БМВ и мопед во Илинден, 20-годишник заврши на Клинички

29/05/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите
Вести

Скопје ќе се прска против комарци, апел до пчеларите да ги заштитат пчелите

29/05/2026
Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените
Вести

Училишната средина во Македонија поттикнува лоши навики во исхраната

29/05/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Уапсен 24-годишник од Куманово, во возило пронајдена бела прашкаста материја

29/05/2026
Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители
Вести

Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители

29/05/2026
Годинашната средна оценка на матура 3,25
Вести

Почнува полагањето на државната матура, стручната и уметничката матура

29/05/2026
Следна вест
(ВИДЕО+ФОТО) Анонимуси им испратиле порака на руските граѓани

(ВИДЕО+ФОТО) Анонимуси им испратиле порака на руските граѓани

Најнови вести

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Судир меѓу БМВ и мопед во Илинден, 20-годишник заврши на Клинички

29/05/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите

Скопје ќе се прска против комарци, апел до пчеларите да ги заштитат пчелите

29/05/2026
Седлоски: Фокус на играта и докажување против Босна

Познат составот: Јанкулов доби шанса од старт против Босна

29/05/2026
Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените

Училишната средина во Македонија поттикнува лоши навики во исхраната

29/05/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Уапсен 24-годишник од Куманово, во возило пронајдена бела прашкаста материја

29/05/2026
Второто полувреме кобно за Македонија против Данска

Столе Димитриевски: Влегувам во најдобрите денови од кариерата

29/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.