Млад лекар кој полни шест години ги лекувал вевчанците во месниот Здравствен дом е под сомнеж дека има лажна диплома за завршен Меидицнски факултет. Полицијата веќе седум дена го истражува случајот и ги утврдува сите околности. Во информацијата која синоќа ја објави телевизијата Алфеа се наведува дека се проверува целокупната документација и печатите кои ги користел 33-годишниот лекар со спорна диплома.
Директорот на оваа здравствена установа Јован Стојкоски изјаво дека прово треба да заврши проверката.
-Дозволете најпрвин органите на прогонот да си ја завршат работата, а потоа јас ќе се произнесам за целиот случај, до тогаш не би коментирал ништо, изјави за Алфа Јован Стојкоски, директорот на Здравствен дом Вевчани.
Лекарот чие образование е спорно веќе една недела не работи, додека се испитува случајот. Во Здравствениот дом инаку се лечат пациенти од Охрид, Струга и околните места.
Според сознанијата, младиот вевчанец се запишал и студирал на Медицинскиот факултет во Штип, а како што информира Алфа, мештаните се присетуваат дека во неговиот дом имало богата прослава по повод неговото дипломирање кое сега се проверува дали е всушност лага.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












