Денеска на свечена церемонија во Охрид на нашиот истакнат спортски работник Зоре Темелковски поранешен спортист, бизнисмен и пратеник во првиот состав на македонскиот парламент по осамостојувањето свечено му беше доделена диплома за својата општествена и хуманитарна активност. Денеска на маргините од меѓународната конфернеција Преспа форум за дијалог, која изминативе денови се одржа во Охрид, доби дипломатско признание од претставниците на Обединетите Нации кои беа учесници на овој собир.
Во хотелот „Аквалина“, во Охрид, на Темелковски од Флорентин Скалетчи му беше врачена диплома за досегашната активност на сите полиња. Како прв претседател на Македонско-бугарската стопанска комора и човек со долгогодишно искуство ќе биде предложен да се најде во работните групи кои ќе работат во надминувањето на спорните прашања и враќање на меѓусебната доверба со источниот сосед за одблокирање на македонскиот пат кон ЕУ.













