• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Препарати за пченица на еден хектар во Македонија чинат 2.400 денари, а во Србија и Албанија 300 денари

24/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Препарати за пченица на еден хектар во Македонија чинат 2.400 денари, а во Србија и Албанија 300 денари

Проблемот што не може секој производител да биде и трговец. Значи, сепак е потребна и трговијата. Проблемот е во тоа што трговците на нас земјоделците ни го земаат целиот профит…, вели Стојкоски

Со Петре Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделците во Македонија зборуваме во бесплатниот неделник „Македонско Ехо“ за зголемувањето на цените на прехрамбени производи, за проблемите во земјоделството…

Се соочуваме со драстичен раст на цените на храната. Дали Ве изненадува ова, какви поуки треба да излечеме?

-Многу порано државата требаше да ја донесе стратегијата и мерките за поголемо производство на храната. Сега имаме добра стратегија за зрнести производи, за сончоглед, пченица… тоа веќе дава резултати. Сега се носат нови правила, но додека тие се применат на теренот… Изгубивме многу време.

Високите цени на храната се резултат најмногу на нереалниот однос на трговијата. Не може откупната цена за еден литар млеко да биде 20 денари, а тоа во маркетите да се продава 80-90 денари.

Слично е и со лебот. Од едно кило брашно се прават три векни леб кои потоа се продаваат и по 50 денари, значи вкупно 150 денари. А пченицата се откупува по 18 денари. Колкав е тука профитот не е тешко да се пресмета. Не може маржата да биде 200 проценти.

Ќе наведам и друг пример. При производството на пченица на еден хектар како земјоделци, доколку користиме средства за заштита набавени во Македонија, тоа ќе не чини 2.400 денари. А доколку такви средства набавиме во Албанија или во Србија, за еден хектар ќе не чини околу 300 денари!? Инспекциите треба посериозно да се позанимаваат со тоа зошто ние толку поскапо ги плаќаме препаратите за заштита.

Земјоделци сега продаваат сами, без посредство на трговци…

-Има такви производители кои на разни начини ги нудат своите производи. Тие се нудат по поефтина цена. Но, тука е проблемот што не може секој производител да биде и трговец. Значи, сепак е потребна и трговијата. Проблемот е во тоа што трговците на нас земјоделците ни го земаат целиот профит. Трговците ни велат дека ќе земеме субвенции, но субвенциите се за зголемување на производството.

Може ли Македонија да ги задоволува потребите за храна?

-Може целосно да ги задоволува сопствените потреби за елементарните прехрамбени производи. Само потребно е промена на односот кон земјоделието. Се додека ние како земјоделци се чувствуваме понижени од страна на администрацијата нема напредок. Се додека еден сточар се срами да каже дека е сточар нема напредок. Државата треба да ја менува таа свест, не може се уште да постои таков понижувачки однос во стилот: „остави го тој, тој е сточар…“. Треба да биде гордост кога некој ќе каже јас сум сточар, јас сум земјоделец. Македонија како држава има реален потенцијал да биде целосно независна во однос на храната. Односно, да увезува само она што тука не може да се произведува.

Од што треба да се почне како промена?

-Нешто не чини ако луѓето го напуштаат сточарството, ако го напуштаат земјоделието. Оттука треба да се почне, од реално вреднување на сечија работа. И треба секогаш на време да се реагира, а не да се чека проблемот да стане преголем.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени
Вести

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“
Вести

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници
Вести

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар
Вести

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
Следна вест
Ги лечел ли вевчанците шест години млад лекар со лажна диплома?

Ги лечел ли вевчанците шест години млад лекар со лажна диплома?

Најнови вести

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.