• Импресум
Sunday, July 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Се слави 11 Октомври, денот кога македонскиот народ се крена против фашизмот

11/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Се слави 11 Октомври, денот кога македонскиот народ се крена против фашизмот

Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј „11 Октомври” и со огномет синоќа во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81-та годишна од почетокот на антифашистичката борба во 1941. Централниот настан за одбележување на празникот, кој годинава е под мотото „Секогаш на вистинската страна” ќе се одржи денеска пред Спомен – костурницата во Куманово, а дополнително владини делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци од Народно ослободителната борба (НОБ) во Скопје и Прилеп, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „11 Октомври” за 2022 година.

За почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани, распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација. Во акцијата на првата група бил убиен еден бугарски, фашистички стражар од участокот во Прилеп. По изведените акции сите три групи се повлекуваат без губитоци на зборното место наречено Средоточна вода.

Централниот настан во Куманово ќе започне со положување цвеќе на Спомен – костурницата, а на свеченоста ќе присуствува владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за труд и социјална политика и за информатичко општество и администрација, Јована Тренчевска и Адмирим Алити.

Претседателот Стево Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје”, на платото пред Владата на Македонија, како и владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска. Владината делегација ќе положи цвеќе пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто Прилеп, пред споменикот на идеологот на народно ослободителната борба Кузман Јосифоски Питу и на Могилата на непобедените, каде се моштите на 650 борци од НОБ.

На свеченостите цвеќиња ќе положат и делегации Организацијата на борците од НОБ, од локалните власти, на политички партии, здруженија, како и граѓани.

Во исто време, во Собранието денеска ќе биде доделена Државната награда „11 Октомври” како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес.

Во пресрет на чествувањето на Денот на народното востание, вчера попладне на свечена церемонија во Скопје претседателот Стево Пендаровски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија ги одликува уметниците Анка Гиева и Виолета Томовска и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски. Медал за заслуги им е доделен за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.

Одбележувањето на празникот започна со традиционалниот импровизиран напад на некогашниот полициски Участак, денес Меморијален музеј „11 Октомври”, кој е потсетување на настаните пред 81 година кога со акцијата на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев” е означен почетокот на антифашистичката борба во земјава во Втората светска војна. Истиот ден, борци на Првиот прилепски партизански одред ја нападна и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Празникот 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ заедно со припадниците на останатите заедници самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг како корпуси и дивизии. За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал
Вести

Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

19/07/2026
Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница
Вести

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?
Вести

Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

18/07/2026
Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени
Вести

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“
Вести

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници
Вести

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Следна вест
Протест на оризопроизводителите: Не бараме субвенции од државата, сакаме само откупувачите да дадат по 40 денари за килограм арпа

Протест на оризопроизводителите: Не бараме субвенции од државата, сакаме само откупувачите да дадат по 40 денари за килограм арпа

Најнови вести

Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

19/07/2026
Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

18/07/2026
Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.