• Импресум
Sunday, November 16, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

(ВИДЕО+ФОТО) ТРУДНАТА СОПРУГА ЈА ТУРНАЛ ОД КАРПА поради пари од осигурувањето: Ќе се извлечел да не бил овој човек!

18/02/2022
Време за читање: 2 минути
A A

Човекот е осуден на 30. години затвор за грозоморно убиство
На 30. години затвор е осуден мажот од Турција кој ја турнал својата бремена сопруга од карпа поради пари од осигурување и седум заеми што ги подигнал на нејзино име, пренесува Miror.
Хакан Ајсал (40) и неговата сопруга Семра Ајсал (32), која била во седмиот месец од бременоста, биле на одмор во долината на пеперутките во областа Фетије, во југоисточна Турција, кога се случило убиството во јуни 2018. година.
Полицијата го обвинила сопругот дека ја турнал сопругата од карпата – а тој сега е прогласен за виновен за убиство.
Полицијата почнала да се сомнева во сопругот кога во весниците биле објавени фотографии од парот на врвот на карпата, кои ги потсетиле дека во близина имало уште еден турист кој се испоставило дека ги снима бидејќи однесувањето на мажот му било чудно.
Реџеп Шахин, кој ги фотографирал последните моменти на Семра на карпата, непосредно пред нејзината смрт, сведочел пред судот.

 

 

– Стоев таму со семејството поради погледот на заливот Кабак. Ќерка ми ја снимаше глетката со мојот телефон и брачниот пар Ајсал во тој момент се спушти по падината. Дури и се пошегувавме „или овој маж ќе ја фрли жената или жената ќе го фрли“. Немаше никаква интеракција меѓу нив – рекол сведокот.

 

Друг сведок рекол дека обвинетиот по инцидентот постапил мирно, додека брзата помош била на лице место.
– Возев таму кога видов како некој ми мавта и застанав. Дојде Хакан и рече дека неговата сопруга паднала од карпата. Веднаш излеговме од автомобилот и почнавме да ја бараме, но не можевме да видиме каде паднала од местото каде што бевме – рекол друг маж кој бил на лице место.

 

Тој исто така рекол дека сопругот не се однесувал како маж чија сопруга штотуку паднала од карпа и дека е безгрижен и мирен. Тој додал дека не се ни симнал по карпата со нив.
Според обвинението, Хакан го испланирал убиството на својата сопруга така што прво поднел полиса за осигурување од несреќа со гаранција од 400.000 лири (околу 1,5 милиони денари), каде што е единствениот примател на премијата во случај на смрт на Семра.
Во обвинението против нејзиниот сопруг за сторено кривично дело „убиство со умисла“ се наведува дека „го испланирал убиството на сопругата“
Во обвинението, исто така, се наведува дека Хакан побарал целосна исплата на осигурувањето веднаш по инцидентот. Но, тоа било отфрлено кога била објавена истрагата.

 

Постариот брат на жртвата, Наим Јолчу, опишал како изгледало кога отишле да го земат телото на Семра.
-Кога отидовме во Институтот за судска медицина по телото, Хакан седеше во автомобилот. Јас и моето семејство бевме уништени, но Хакан не изгледаше тажен. Мојата сестра отсекогаш била против земање кредити. Меѓутоа, откако таа почина, дознавме дека Хакан подигнал заеми на име на сестра ми. Исто така, Хакан се плашеше од височини. Со каков вид на екстремен спорт би можела да се бави? – прашал братот на судењето, алудирајќи на претходното сведочење на обвинетиот, кој зборувал за неговата љубов кон екстремните спортови, поради што наводно се натерал да склучи осигурителна полиса за себе и неговата сопруга.
На прашањето за осигурувањето на Хакан, тој пред судот изјавил дека полисата ја поднел уште во 2014 година, пред да се ожени.
Тој бил прашан за член од полисата во која се наведува дека „во случај на смрт на Семра Ајсал, нејзин наследник ќе биде нејзиниот сопруг Хакан Ајсал, а во случај на смрт на Хакан Ајсал негови наследници ќе бидат неговите роднини“, но тој рекол дека не го прочитал текстот детално пред да се потпише.
Тој негирал дека е виновен и тврдел дека слушнал како неговата сопруга вреска кога се оддалечил од неа неколку чекори за да и подаде телефон од нејзината чанта. Сепак, тоа не било доволно за да ги убеди судиите, па тој бил прогласен за виновен.

Фото: Twitter/@Haber7

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големи емоции на терен и на трибини: БиХ знае како да ја прослави победата и најмалку изборен бараж за СП
Вести

Големи емоции на терен и на трибини: БиХ знае како да ја прослави победата и најмалку изборен бараж за СП

15/11/2025
Косово испиша историја – за прв пат ќе игра бараж
Вести

Косово испиша историја – за прв пат ќе игра бараж

15/11/2025
Велс победи само минимално, Македонија и со реми во Кардиф ќе биде во предност
Вести

Велс победи само минимално, Македонија и со реми во Кардиф ќе биде во предност

15/11/2025
Ново финале Алкараз – Синер
Спорт

Ново финале Алкараз – Синер

15/11/2025
ЗНМ: Партиските тензии кон новинарите се непотребни, Ковачевски да не бара вина кај новинарите
Вести

Здружението на новинари поднесе пријава до МВР за малициозен онлајн напад врз профилите на „Слободен печат“

15/11/2025
Сообраќајот се одвива по влажни коловози
Вести

Во прекин беше сообраќајот на патот Удово – Валандово, сега е нормализиран

15/11/2025
Следна вест
НАЈУБАВАТА ОБЛЕКА ЗА ЕДНА ЖЕНА Е ПРЕГРАТКАТА НА МАЖОТ КОЈ ЈА САКА

НАЈУБАВАТА ОБЛЕКА ЗА ЕДНА ЖЕНА Е ПРЕГРАТКАТА НА МАЖОТ КОЈ ЈА САКА

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.