• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Владата контра Арсовска: Немаме никаков долг кон ЈСП „Скопје“

19/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Владата контра Арсовска: Немаме никаков долг кон ЈСП „Скопје“

Најостро ги отфрлуваме обвинувањата за каков било долг кон ЈСП „Скопје“, соопшти денеска Владата. До реакцијата дојде по трвдењата на скопската градоначалничка Данела Арсовска и генералниот секретар на Градот Скопје Зоран Глифгоров дека Владата на најголемиот градски превозник должи околу 120 милиони денари, односно, околу 2 милиони евра. Долгот на општините, пак, бил околу 40 милиони денари.

Во соопштението на Владата се наведува дека ваквата состојба во којашто се наоѓа ЈСП е показател дека општините неодговорно менаџираат со средствата наменети за превоз на учениците и навремено не ги подмируваат обврските.

-Ги повикуваме локалните самоуправи кои ги користат услугите на ЈСП – Скопје подобро да ги менаџираат своите буџети и редовно да ги подмируваат долговите кон јавното претпријатие, за да не се доведе во прашање неговото нормално функционирање во услови на економска и енергетска криза, се наведува во соопштението.

Владата информира дека согласно документацијата на Министерството за образование и наука, ова миинистерство редовно ги сервисира своите обврски кон сите субјекти со кои има регулирани законски надлежности, или пак со кои има склучени договори по разни основи кои иницираат финансиски обврски, што не е случај и со ЈСП – Скопје.

Што се однесува на студентските картички за попусти, Законот за високото образование (член 27 став 6) уредува дека Владата на Македонија може да донесе одлука за посебни погодности за студентите, како што се студентска картичка за попусти, бесплатен градски превоз и друго, пришто средствата се обезбедуваат од државниот буџет. Но, во календарската година, не е донесена ваква одлука, од причина што во зимскиот семестар од студиската 2021-2022 година, студентите не посетуваа настава со физичко присуство на единиците во состав на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.

-Нашата интенција како Влада е постојано унапредување и проширување на можностите за поддршка на студентите. Ова многупати досега е потврдено преку воведување на нови категории на стипендии, преку зголемување на износите на стипендиите, преку воведување на субвенциониран студентски оброк, доделување на ваучери за поддршка при студирањето и така натаму. Со нормализирањето на наставата со физичко присиство секако дека во Буџетот на државата за 2023 година ќе се обезбедат и средства за превоз на студенти и доколку наставата продолжи со физичко присуство, по усвојување на владина одлука, истите би биле префрлени на ЈСП. Во меѓувреме, заедно со ЈСП ќе ги разгледаме можностите за поддршка во делот на превозот на студентите за тековниот и преостанатите два месеци од годинава доколку наставата во истите продолжи со физичко присуство, се наведува во информацијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница
Вести

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?
Вести

Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

18/07/2026
Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени
Вести

Голема антитерористичка акција во Турција, приведени стотици осомничени

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“
Вести

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници
Вести

Стручни екипи на ИЈЗ работат и за викенд по случајот во Гостивар

18/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Следна вест
Дневен хороскоп

Дневен хороскоп

Најнови вести

Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.