• Импресум
Thursday, April 30, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Зошто полицијата не успева да го смири дивеењето на сообраќајниците?

27/01/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Нова трагедија на скопските улици: Пешак загина кај мостот „Гоце Делчев“
Сообраќајната култура во Скопје е на многу ниско ниво. Всушност еден дел од учесниците се без култура, односно се насилници кои го тормозат останатиот дел од населението. За жал тормозењето премина и во буквално убивање на пешачки, на коловозите…
Стана вообичаено скопјани да слушаат шокантни вести за нови и нови трагедии. До кога ќе биде така? Кога ќе се слушне и види за конкретни осмислени и подолготрајни реакции од сообраќајната полиција?
Нема повеќе време да губење, премногу загинати има на улиците. На неодамнешниот шок од сообраќајна несреќа кај Сити мол во која загина млада девојка на пешачки премин се надоврзаа нови. Вчера, на мостот „Гоце Делчев“ загина пешак откако беше прегазен од возило, а во Лисиче во сообраќајка загина возач а тешко е повредена неговата 15-годишна ќерка.
Несреќите се претркуваат една со друга, но на скопските улици малку што се менува на подобро. И натаму се вози пребрзо, се поминува на црвено светло на семафорите, не се пропуштаат пешаците, се зборува по мобилен телефон додека се вози, не се користат појасите, се возат неисправни возила… Во тоа секојдневно се уверуваат и самите скопјани.

-Секој ден возам по градот и се придржувам до ограничувањето на брзината од 50 километри на час. Но, забележувам дека сите возила ме претекнуваат, односно, дека возат многу побрзо од мене. Се гледа дека тие возила се движат и по 70-80 километри на час. Со таа брзина поминуваат и на крстосниците за да го „фатат“ жолтото светло. Со тоа најдиректно се загрозува сообраќајот, ни вели скопјнецот Марко П.

Непроменет, се чини, остана и односот на полицијата. И во последниве денови односот е ист: се даваат само дневни соопштенија за спроведени акциски контроли и за бројот на казнетите возачи. Завчера, на пример, биле изречени 131 мерка – за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни возила... Слично беше и во изминатиов период.

Се добива впечакот како да полициските контроли се сведуваат само на вршење на радарски контроли на неколку пункта по градот кои возачите веќе ги знаат и толку. Некое позабележително присуство на полицијата по градските сообраќајници, односно, позначајна контролна активност, не се забележува. Или, тоа се сведува на присуство на полициска патрола која седи во патролна кола на одредени крстосници и толку. По други сообраќајници, по повеќе населби како да нема полициски патроли и сообраќајниците им се оставени на дивеењето на несовесните возачи.

-Секој ден возам по населбите Ново Лисиче и Аеродром и не забележувам дека има некакво присуство на сообраќајна полиција со цел да го надгледуваат сообраќајот. Токму по булеварите во овие населби се вози многу брзо и опасно и полицијата треба да ги казнува таквите возачи, ни вели еден жител на Ново Лисиче.

Очигледно, полицијата треба да го смени начинот на кој што се справува со несовесните возачи бидејќи до сегашниот метод не дава резултати. Македонија има премногу полиција, ама ја нема доволно таму каде што треба да биде. Тоа го знаат здивените возачи и газат се околу себе. Во МВР мислат нешто да сменат? Зошто не успеваат да го смират дивеењето на сообраќајниците.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската полиција откри плажа со канабис во стар руник за цинк, тројца уапсени, а по еден се трага
Вести

Бугарската полиција откри плажа со канабис во стар руник за цинк, тројца уапсени, а по еден се трага

30/04/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Без вода од Поликлиника „Букурешт“ до „Сити Мол“

30/04/2026
Тактичка битка без победник, 1:1 меѓу Атлетико и Арсенал
Вести

Тактичка битка без победник, 1:1 меѓу Атлетико и Арсенал

29/04/2026
На чекор до елитата: ТФТ поразен во трилер завршница од Широки
Вести

На чекор до елитата: ТФТ поразен во трилер завршница од Широки

29/04/2026
Во општина Прилеп се реализираат активностите за разубавување и унапредување на урбаното зеленило
Вести

Во општина Прилеп се реализираат активностите за разубавување и унапредување на урбаното зеленило

29/04/2026
Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Стив Наумов“, кажа Коњановски
Вести

Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Стив Наумов“, кажа Коњановски

29/04/2026
Следна вест
8 ЈАСНИ ЗНАЦИ дека на вашето тело му недостасува витамин Ц!

8 ЈАСНИ ЗНАЦИ дека на вашето тело му недостасува витамин Ц!

Најнови вести

Бугарската полиција откри плажа со канабис во стар руник за цинк, тројца уапсени, а по еден се трага

Бугарската полиција откри плажа со канабис во стар руник за цинк, тројца уапсени, а по еден се трага

30/04/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Без вода од Поликлиника „Букурешт“ до „Сити Мол“

30/04/2026
Тактичка битка без победник, 1:1 меѓу Атлетико и Арсенал

Тактичка битка без победник, 1:1 меѓу Атлетико и Арсенал

29/04/2026
На чекор до елитата: ТФТ поразен во трилер завршница од Широки

На чекор до елитата: ТФТ поразен во трилер завршница од Широки

29/04/2026
Во општина Прилеп се реализираат активностите за разубавување и унапредување на урбаното зеленило

Во општина Прилеп се реализираат активностите за разубавување и унапредување на урбаното зеленило

29/04/2026
Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Стив Наумов“, кажа Коњановски

Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Стив Наумов“, кажа Коњановски

29/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.