Откако се разделија со Шакира, шпанскиот фудбалер Жерард Пике се уште ги полни страниците на шпанските и светските таблоиди. Тој се поврзува со неколку различни жени, а последна на листата е Македонката Драгана Спасовска.
Спасовска моментално живее во Бугарија, но не е познато како и каде го запознала познатиот фудбалер. Таа објави фотографија со него на својот профил на Инстаграм.
„Приказната за нас е многу актуелна во Бугарија, но ниту би ја потврдила, ниту би демантирала. Секако дека го познавам Пике. Имаме и заеднички фотографии. Тоа е нешто што не можам да го негирам. Но, не можам да зборувам за сите други детали и за се што се случува деновиве“ – заклучи Драгана.
Колумбиската поп-дива, Шакира и фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, се разделија по 11 години заедно. Пред две недели тие ги потврдија шпекулациите на шпанските медиуми дека повеќе не се заедно.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













